Home » 11 мигранти пронајдени во три камиони од Полска

11 мигранти пронајдени во три камиони од Полска

by Журнал

Спречен нелегален влез на 11 мигранти државјани на Сирија, Пакистан, Камерун и Конго во три одделни случаи на влез на граничниот премин Богородица во текот на оваа и минатата недела, информираат од Царинската управа.

– Два случаи се откриени од страна на мобилен тим на Секторот за контрола и истраги по контрола на две товарни моторни возила со полски регистарски таблички на влез во државата на Богородица на 4 јануари доцна вечерта и на 5 јануари во 4 часот наутро. И во двата случаи мигрантите се откриени во просторот за палети на полуприколките при контрола со мобилен скенер, при што и во едниот и во другиот случај се откриени по 4-ца мигранти од Сирија и Пакистан, се вели во соопштението од Царинската управа.

Третиот случај е откриен од страна на царинските службеници исто така на влез на граничен премин Богородица при контрола на товарно моторно возило, кое како и во горенаведените случаи било со полски регистарски таблички. При контрола на возилото, како што информираат од Царинската управа, во помошните сандаци за палети се откриени тројца мигранти од Камерун и Конго.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More