Home » 106 санкции за неправилно престигнување во текот на вчерашниот ден

106 санкции за неправилно престигнување во текот на вчерашниот ден

by Журнал.мк

Во текот на вчерашниот ден (03.03.) а како резултат на сообраќајните контроли што ги спроведуваат полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, беа издадени 841 платен налог по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Притоа, во рамки на контролите, согласно статистичките показатели, и натаму најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на возење со поголема брзина од дозволената – 135, како и на непрописното паркирање – 212, а пак, зад нив следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола – 68; потоа некористење на сигурносен појас – 60; како и прекршоци по основ на забрането користење на мобилен телефон при возење – 48. Она што е впечатливо за сообраќајните контроли вчера, е фактот дека по однос на прекршоците поврзани со неправилното престигнување беше забележан најголем скок од дури 106 евидентирани такви прекршоци, што е најголем статистички параметар за овој вид прекршоци од почетокот на годинава до сега.

Инаку вчера, покрај ова, беа регистрирани осум случаи на возачи кои што управувале возило под дејство на алкохол, тројца минале на црвено светло, а евидентирани се и осум прекршоци на пешаци.

Од сообраќај беа исклучени и осум технички неисправни возила, како и 24 нерегистрирани возила.

Министерството за внатрешни работи продолжувајќи со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност апелира до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk