Home » 104 пратеници гласаа за осуда на руската инвазија на Украина, против беа Левица и Стоилковиќ

104 пратеници гласаа за осуда на руската инвазија на Украина, против беа Левица и Стоилковиќ

by Журнал.мк

Собранието синоќа ја усвои Декларацијата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. „За“ гласаа 104 пратеници, еден беше „воздржан“ и „против“ гласаа двајцата пратеници на Левица и Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите.

Декларацијата беше поднесена од пратеничките Моника Зајкова од ЛДП и Маја Морачанин од ДОМ и во неа се вели дека низ историјата, човештвото сведочело за бројни војни и внатрешни конфликти, од кои цената ја плаќале само невини човечки животи.

„Сметаме дека со ништо неиспровоцираната руска агресија врз Украина претставува еклатантно кршење на меѓународното право, која што ја загрозува европската безбедносна архитектура и го доведува во ризик мирот на континентот; Го почитуваме правото на Украина, како и секоја суверена држава самостојно да одлучува за своето внатрешно уредување и за своите меѓународни приоритети; Бараме од надлежните институции да бидат во тесна координација со земјите членки на НАТО како наши сојузници и земјите членки на ЕУ во однос на заедничкиот ангажман да се поддржат дипломатските напори за итен и безусловен прекин на воените дејствија на територијата на Украина“, се вели понатаму во Декларацијата.

Денеска е осми ден од руската инвазија на Украина.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk