Home » 102 милиони часа гледаност: Нискобуџетната драма со денови е најгледаниот филм на „Netflix“

102 милиони часа гледаност: Нискобуџетната драма со денови е најгледаниот филм на „Netflix“

by Журнал.мк

„Purple Hearts“, со актерката Софија Карсон и Николас Галиционе, веќе две седмици е најгледаниот филм на „Netflix“.

Во последната седмица „Purple Hearts“ остварил повеќе од 102 милиони часа гледање, што е речиси тројно повеќе од вториот најпопуларен филм на платформата – „The Gray Man“.

20 илјади гледачи сепак „Purple Hearts“ на „IMDb“ го оцениле со оценка 6.9.

Драмата „Purple Hearts“ која ја срушила гледаноста на „The Gray Man“, најскапиот филм во историјата на „Netflix“, на платформата почнал да се прикажува на 29 јули.

Дејството ја следи Кеси која се венча за маринецот Лук за интерес. Имено, на Кеси ѝ е дијагностициран дијабетес, а лошата финансиска ситуација ја навела да се венча за маринец за да може да ги искористи државните привилегии.

„Среќна сум што проектите во кои учествував ми овозможија да работам на сè што сакам. Ова отиде чекор натаму, исполнета сум“, изјавила Карсон за магазинот „People“.

Критичарите го „закопаа“ „Purple Hearts“
На критичарите овој нискобуџетен филм не им се допаѓа.

„Филмот се валка во измислени заплети и подзаплети, влошени со недостатокот на хемија меѓу двајцата главни актери“, заклучила Клари Шафер.

„Карсон и Галиционе се прекрасни луѓе – веројатно една од главните атракции на филмот, но нивните љубовни сцени не оддаваат со топлина ниту пак емоционална содржина, па не се баш забавни за гледање“, напишал Лук Ј. Томпсон.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk