Home » 100 припадници на Армијата заминуваат за Словенија за помош во катастрофалните поплави

100 припадници на Армијата заминуваат за Словенија за помош во катастрофалните поплави

by Журнал.мк

Македонската Армија е подготвена да испрати 100 армиски припадници, кои по донесување на одлука на Владата и давање согласност на претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Aрмијата, Стево Пендаровски, ќе бидат подготвени да заминат за Словенија на помош во санирање на штетите од неодамнешното невреме.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска извести дали и колку точно припадници на Армијата ќе заминат за Словенија, ќе се одлучи во координација со Владата на Република Словенија, која треба да се изјасни дали ја прифаќа понудената помош и во колкава бројност.

Од Словенија до Центарот за управување со кризи пристигнало и барање за помош со тешка механизација.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More