Бројни студии покажале дека смислата за хумор е најважната карактеристика која жените ја бараат кај идеалниот маж.
Не е ниту чудно што бројни комичари со нетрадиционален изглед се во врска или брак со некоја од најубавите жени во светот на шоубизнисот.
Комичарот од американското шоу „Saturday Night Live“, Пит Дејвидсон, вниманието во јавноста го привлече со славните актерки, пејачки и модели.
Иако 28-годишниот Пит не може да се нарече класично згоден маж, сепак тој бил во врска со Аријана Гранде и Кејт Бакинсел, а кратко време бил во врска и со Каја Гербер. Новата љубов ја пронајде со Ким Кардашијан.
Убавата актерка Лесли Мен пред 25 години ја освоил срамежливиот Џуд Апатоу кој во меѓувреме станал еден од најпознатите режисери и продуценти на американските филмски комедии и телевизиски серии.
Погледнете ја нашата галерија: