-5.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

10 работи кои Мицкоски им ги порача на идните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ: Работете многу, чесно и немојте да разочарате

Најчитани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашната промоција на кандидатот за градоначалник на општина Штип Иван Јорданов, нагласи дека идните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ мора да се грижат за потребите на граѓаните, да ги решаваат нивните проблеми, но и домаќински, грижливо и штедливо да се однесува со парите на граѓаните

„1. Доста беше од некадарни партиски паразити на власта да ги фаќаат местата на способните во општините и државната администрација. Да направите способна и професионална администрација на компетентни луѓе кои ќе одговараат на потребите на граѓаните. Изберете ги најдобрите, така ќе имаш резултати.

  1. Доста беше од локални бизнис моќници, и новокомпонирани инстант бизнисмени кои се доближуваат до локалната самоуправа само да се доберат до маркица за некоја нова зграда, нов бетон во кој ќе се гушат граѓаните. И таквата брза заработувачка прави да имаме денес градоначалници кои станале кметови одлепени од народот затоа што канцелариите им се полни со куферчиња пари за брзи маркици за градба. Затоа најчесто таквите градоначалници од власта ги викаат со популарно име „комшии“, кои што во секоја нова зграда, ако претходно не заиграло куферчето пари добиле нов стан, а колку повеќе згради толку повеќе и станови. Затоа кога ќе дојде некој таков веднаш да го избркате така силно што никогаш друг пат нема да му текне да направи таков нечесен потег, и да го поздравите со пријава до полиција. За памет да не им текне на сите идни да се доближат со такви идеи.
  2. Не смее веќе зеленилото да се заменува со бетон. Кога ќе се гради, треба да се гради паметно и со план за иднината. А, од зеленило, дрва, паркови никогаш доста. Мора да ги има повеќе. Природата е нешто што е трајна вредност. Нови паркови, нови велосипедски патеки, пристапни влезови, зелен и хуман град.
  3. Да посветите внимание на лицата со посебни потреби. Тоа се исклучително интелигентни луѓе, а ние нашето внимание не смееме да го штедиме. Нашата држава си поигрува со нивната тешка судбина, ти треба да бидеш нивниот глас за нивните права.
  4. Кон трошењето на парите во општината мора да имате пристап како кон свои пари. Грижливо и штедливо. Доста е расипништво какво што гледаме денес. Службени ручеци, гозби, на државна сметка платени од гладниот народ. На секој ставен залак на уста на сметка на граѓаните, знајте дека има пола милион луѓе во државава што живеат во потполн глад. Запаметете го ова. Бидете хумани, помагајте. Решавајте проблеми.
  5. За 4 години не смее да има урбано место кое нема да има канализација, водовод кој се гради за да има пристојни услови за живот. А, не како сега. Кофите на рамо по свежа вода, ама важно полна им е устата со Европа, а недела го прогласиле за неработен ден, во услови кога 60 илјади наши сограѓани останаа без работа. Четири години нов автопат нема изградено, освен оние кои ги наследија од времето на ВМРО-ДПМНЕ. Не смее да има поголемо населено место без нов асфалт. Потребни се конекции помеѓу населените места, рече Мицкоски.
  6. Денес илјадници луѓе остануваат без работа, а градоначалниците на власта ги штитат газдите кои немилосрдно печалат на трудот на работниците, додека работникот е незаштитен. Мора да се борите за секое работно место, и да носиш нови инвестиции. Нов елан, народот да почувствува нова енергија и да бидеш заштитник и двигател на развојот на економијата.
  7. Претседателот Мицкоски побара од идните градоначалници да бидат достапни за граѓаните, но и да ги реализираат проектите во програмите, посочувајќи дека тие ќе бидат слуги на граѓаните, општините, како и на државата.
  8. Мора да бидете транспарентни и достапни. Да не се случи како сегашната власт само да се гледаат градоначалниците по ток шоу емисии или по кафеани и ресторани. Работа не чека, а ние ќе ја имаме одговорноста.
  9. Се што ќе ветите, да остварите, и да работите повеќе од тоа за да исполните и повеќе од ветеното.
  10. На крај најважното, противникот на Иван Јорданов за Штип и актуелен градоначалник во една емисија се поистовети себеси со ГОСПОД. Немојте да заборавите никогаш, никогаш, ама баш никогаш немој да заборавите, му служите на народот, а не тој вас, и не сте Господ. Далеку од тоа. Треба да бидете слуга на народот, на својот град, на својата татковина. И никогаш да не ги разочарувате граѓаните и Македонија“, вели Мицкоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com