Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.918 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 34,52%, а 65,48% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 53,73%, кон Итната медицинска помош 33,73%, а кон пожарникарите 8,24% од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 4,31% со другите 65,48% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1.266 на број и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.
Пожари на вегетација на отворено според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи во државата сè уште има, така што и во последното неделно деноноќие имало девет (9) пријавени за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.