Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.891 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,41%, а 58,59% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 55,03%, кон Итната медицинска помош 30,47%, кон пожарникарите 0,89%, а кон АМСМ 1,18% од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 12,43% со другите 57,54% што се именувани како „неитни повици“, биле 1.150 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК). За дел од повиците, секако, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.
Според вкупните податоци во ЦУК, наспроти снегот и студеното време имало повеќе пожари и еден фатален пожар во населени места, при што имало и починато лице, се наведува во соопштението на ЦУК.
Регионалниот ЦУК Куманово, информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Ранковце, од околу 04:20 часот интервенирале поради опожарена куќа во с.Отошница, во Општина Ранковце. Според известувањето од ТППЕ во пожарот има и починато лице.