Home » 1.873 повика за итни случаи на 112 во последното деноноќие, четири интервенции за гаснење запалени оџаци

1.873 повика за итни случаи на 112 во последното деноноќие, четири интервенции за гаснење запалени оџаци

by Журнал

На Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие имало 1 873 повици, од кои „реални“ биле помалку од половината. Вчера немало немало регистрирани пожари на отворено, но имало дури четири регистрирани пожари на оџаци, покрај други ПП интервенции во населени места, информирата од ЦУК.

– Од 1.873 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие „реални“ повици биле 44,26%, а 55,74% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од реалните повици кон 112 во ЦУК, кон полиција биле упатени 64,86%, кон итната медицинска помош 32,43%, кон пожарникарите 1,02%, а 0,67% кон АМСМ, се вели во соопштението од ЦУК.

Конкретно, пожарникарите од ТППЕ Прилеп во период од 18:25 до 19:30 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запален оџак на ул. „Цане Илиевски“ бр.97 во Прилеп.

Од ТППЕ Охрид во период од 11:40 до 12:40 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запален оџак на ул. „Сирма Војвода“ во Охрид.

Штипските пожарникари од 14:20 до 15:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запален оџак на објект на ул. „Енгелсова“ во Штип и пожарникарите од ТППЕ Куманово од 14:05 до 15:20 часот, со 5 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запален оџак на ул. „Есперанто“ бр.21.

Овие пожари на оџаци, се вели во соопштението од ЦУК, можат да „преминат“ на објект, куќа, што понекогаш и се случува, па затоа е пожелно граѓаните редовно да ги чистат.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More