Home » Џафери се сретна со Зеленски: Денеска сум Украинец, онемен сум и бесен

Џафери се сретна со Зеленски: Денеска сум Украинец, онемен сум и бесен

by Журнал.мк

И покрај тоа што сум војник и покрај свежите сеќавања од војните на Балканот, онемен сум и бесен, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, при средбата со украинскиот државен врв, меѓу кои беа и претседателот Володомир Зеленски и првиот човек на Врховната рада, Руслан Стефанчук.

Џафери на состанокот посочи дека е растревожен од бројот на гробови чии леи не ги догледува човековото око, иако, како што кажа, видел само дел во Буча и Ирпин.

„Бесен сум на човештвото што дозволи да сме неми сведоци на војна за којашто верувавме дека е дел од историјата. Бесен сум што светот нема доволно силен глас да ѝ каже стоп на оваа безумна инвазија. Во чест на загубените животи се обврзуваме да ви помогнеме и внимателно да слушаме како одново ќе го изградите разрушеното“, нагласи претседателот на македонското Собрание.

Џафери лично се обврза за што поскоро усвојување на одлуки за помош и поддршка на Украина.

Тој зборуваше и за мерките кои Северна Македонија ги презела против, како што рече, руската агресија во Украина, нагласувајќи дека државата ја поддржала одлуката за суспендирање на Русија од Советот на Европа и се приклучила кон сите рестриктивни мерки и санкции на Европската унија кон Руската Федерација, иако не е членка на ЕУ.

„Овој акт на агресија уште еднаш потврди колку е значајно проширувањето на Европската Унија за безбедноста, стабилноста и демократската консолидација на Европа. Благодарност до сите борци за слобода во Украина што во воени услови ни овозможија безбедно да допатуваме во Украина и што го делат лебот со нас“, посочи Џафери на средбата на која нагласи дека денеска се почувствувал како Украинец.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More