Home » Чурлинов: Имаме сила и ќе дадеме се од себе на квалификациите за ЕВРО 2024

Чурлинов: Имаме сила и ќе дадеме се од себе на квалификациите за ЕВРО 2024

by Журнал.мк

Откако закрепна од повредата на мускулот, Дарко Чурлинов повторно ќе биде дел од македонската фудбалска репрезентација. Тој ќе се приклучи на тимот на стартот на квалификациите за ЕВРО 2024, со кој ќе ја пречека Малта во рамките на првото коло од групата Ц.

– Навистина се радувам и среќен сум што по подолго време повторно ќе бидам дел од македонската репрезентација. Изминатите месеци поради повредата на мускулот беа тешки за мене, но сега повторно сум во натпреварувачка форма и се разбира дека тоа сакам да го пренесам на репрезентативните предизвици кои ни следуваат, вели офанзивецот на Барнли.

Тој не крие дека со нетрпение го очекува собирот, закажан за 19 март, во пресрет на дуелот со Малта. Вели дека Македонија е подготвена но тоа треба да се покаже и на терен.

– Почетокот на квалификациите е многу важен. Фаворити сме против Малта, но тоа треба да го покажеме на терен. Имаме сила, веруваме во себе и така ќе се поставиме. Ќе се обидеме да го пренесеме на терен тоа што од нас го бара селекторот. Некогаш резултатите се добри, некогаш не, но целта е што подобро да ја претставиме Македонија и да постигнеме најдобар можен резултат. Ќе дадеме се од себе во овие квалификации и верувам дека можеме да направиме голема работа, изјави Дарко.

Натпреварот Македонија – Малта, е закажан за 23-ти овој месе на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 20:45 часот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More