Home » Тренер во Јапонија не го играл Иниеста, Андрес во солзи си заминува

Тренер во Јапонија не го играл Иниеста, Андрес во солзи си заминува

by Lina Muslija

Некогашниот најдобар фудбалер од среден ред на светот, човек кој во 2010-та со златен гол ѝ донесе светска шампионска титула на Шпанија со која освои и Европско првенство и жива легенда на Барселона, пет години е во јапонскиот Висел Кобе.

Андрес Иниеста за овој долг период, се вљубил во овој клуб, во навивачите, во средината и амбиентот во Јапонија, но во последно време идилата ја нарушил неговиот статус во тимот каде веќе станал редовна резерва на клупата.

После 14 кола во новата сезона од јапонската Џеј-лига, Висел Кобе е убедливо прв со 30 бода. Има 9 победи, 3 нерешени и 2 порази со гол разлика 29:9.

Андрес Иниеста во новата сезона одиграл само три пати и тоа сите три пати влегувал на кратко од клупата за резерви. Тренерот на Висел Кобе е 46-годишниот Такајуки Јошида кој во кариерата играл само во татковината и тоа најмногу за Јокохама Маринос и Висел Кобе каде се враќал во неколку мандати.

Триесет и девет годишниот Иниеста во 2018-та потпиша договор со Висел Кобе на три години но подоцна го продолжи на уште две. Сега на прес-конференција отворено и емотивно со солзи соопштил дека заминува и дека сака да најде нов клуб затоа што не добивал доволно играчко време.

„Пред пет години ја напуштив Барселона и ја донесов најдобрата одлука во мојот живот со тоа што дојдов во Висел Кобе. Сите мислевме дека ќе ја завршам кариерата тука, тоа беше желба на сите, но за жал тоа не може да се оствари.

Приоритетите и плановите на тренерот се поинакви, морам да го прифатам тоа и да продолжам понатаму. Сакам да ја завршам мојата кариера на фудбалски терен. Сакам да продолжам да играм, сметам дека уште можам и имам страст да го правам тоа. Ја затворам оваа етапа и ќе видиме какви можности ќе ми се отворат, низ солзи изјави Иниеста на прес-конференцијата.

Според некои гласини, Иниеста би можел да продолжи во клуб од арапските земји. Со соопштение се огласил и клубот Висел Кобе.

„Со жал соопштуваме за заминувањето на Андрес Иниеста од клубот. Му благодариме од срце за сите пет години откако ни се придружи и направи важни работи за Висел Кобе“.

Шпанецот ќе го напушти Кобе по нивниот последен меч дома против Консдол Сапоро на 1-ви јули. Во дресот на овој јапонски клуб Андрес одиграл 133 меча. Во 2019-та го освоил Купот на Императорот а во 2020-та јапонскиот Супер Куп.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More