Home » Собранието ќе ја одржи 64. седница

Собранието ќе ја одржи 64. седница

by Журнал.мк

Собранието денеска ќе ја одржи 64. седница, на чиј дневен ред се Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, како и Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, сите во второ читање.

Пратениците ќе расправаат и по Предлог законот за дополнување на Законот за Јавното обвинителство, по Предлог законот за дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, по Предлог законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, како и по Предлог законот за дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, сите по скратена постапка. На дневен ред на оваа седница се и Предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета во прво читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, Предлог законот за изменување на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, сите по скратена постапка.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More