Home » Скопје танцовиот театар со „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ во Париз

Скопје танцовиот театар со „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ во Париз

by Журнал.мк

Скопје танцовиот театар првпат ќе настапува во Франција со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисима Рисимкин. Станува збор за претстава со една поинаква естетика. Кореографката која е на чело на Скопје танцовиот театар од 2011 година е една од најпопуларните и најплодните македонски кореографки.

Претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“, за која кореографијата е на Рисимкин, музиката ја напиша Тони Китановски, костимите ги изработи Благој Мицевски, а сценскиот дизајн е на Матеа Мијановиќ, публиката можеше да ја проследи на 10 март на големата сцена на Македонскиот народен театар, пред заминувањето за Париз.

Во претставата настапуваат Анастасија Данчевска, Мими Поп Алексова, Сара Цветковска, Бобан Русески, Дејан Битровски, Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, Андреј Димовски и Емилија Милак. Рисима Рисимкин, создавајќи и работејќи од Скопје, успева да создаде платформа за современиот танц во земјава, но и да се пробие како автор надвор и да гостува со свои претстави на најзначајните современи танцови сцени, на светско ниво. Таа се појавува на големите меѓународни сцени, но е засега е непозната во Франција.

Скопје танцовиот театар, основан и предводен од Рисима Рисимкин, во своите 10 години постоење, успева да се пласира на интернационалната современа танцова сцена и да гостува на најпрестижни фестивали. Скопје танцовиот театар, зад себе има остварено преку 70 продукции.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More