Home » Симон Трпчески вечерва ќе одржи бесплатен концерт пред МОБ: Конечно „Македонисимо“ се враќа дома

Симон Трпчески вечерва ќе одржи бесплатен концерт пред МОБ: Конечно „Македонисимо“ се враќа дома

by Журнал.мк

Mакедонскиот виртуоз Симон Трпчески вечерва со почеток во 20 часот на платото пред Националната опера и балет заедно со Пријателите, ќе ја почести публиката со бесплатен концерт – неговиот уникатен музички проект „Македонисимо”.

Пет години откако ја имаше својата светска премиера, „Македонисимо” конечно ќе ја има премиерата и пред својата домашна публика.

„Почувствувајте ја магијата што го освои светот! МАКЕДОНИСИМО си доаѓа дома! Повелете на 14 септември на платото пред Националната опера и балет на бесплатниот концерт што Ви е посветен Вам”, реномираниот пијанист ја покани публиката преку објава на социјалните мрежи.

Претходно тој објави и дел од атмосферата од претпремиерата која се одржа во селото Збажди на планината Караорман, кое е воедно и родното место на неговиот татко. Трпчески најавува спектакл, а предвидено е концертот да трае 90 минути.

„Македонисимо” претставува спој на македонската народна музика со џезот и класичната музика, сплет од 23 нумери, најмногу ора и по некоја песна. Трпчески го создаде во соработка со композиторот Панде Шахов, а го изведува со Александар Краповски (виолина), Александар Сомов (виолончело), Хидан Мамудов (кларинет, саксофон и кавал) и Влатко Нушев (удиралки).
По вечерашниот концерт во Скопје, „Македонисимо” патува во Штип на 24 септември и ден подоцна во Битола.
„Македонисимо” во последниве пет години пропатува низ десетина земји и забележа огромен успех.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More