Home » Силва со искрен трансфер совет до Нејмар по гласините дека е прецртан од ПСЖ

Силва со искрен трансфер совет до Нејмар по гласините дека е прецртан од ПСЖ

by Журнал.мк

Нејмар и ден денеска е најскапо платен фудбалер во историјата на фудбалот и 222-те милиони евра кои ги плати ПСЖ на Барселона стојат на врвот на вечната листа, но пет години по оваа операција, дојде време Бразилецот да биде непожелен во Париз.

Угледните медиуми од француската престолнина информираат дека Нејмар е прецртан од страна на првите луѓе кои го водат проектот и ќе се направат максимални напори за да се издејствува трансфер, без оглед на тоа што офанзивниот фудбалер стави потпис на договор минатата сезона.

Овие вести секако пристигнаа до Бразил и медиумите од оваа земја се активираат благодарени на своите извори, па така со интересна изјава на оваа тема се јави човекот кој всушност беше избркан од „Паркот на принцовите“.

Тиаго Силва во неколку наврати порача колку во ПСЖ се однесувале лошо на крајот од неговиот престој во Париз после се што направи за клубот, а сега не се срами да му препорача на Нејмар да направи трансфер во Челси и да му се придружи во Лондон.

– Нејмар мора да оди во Челси. Ако навистина се случи тоа што се пишува, за него ќе биде најдобро да дојде во Челси. Засега не знам ништо за ова, но се надевам дека би можело да се конкретизира, – изјавил искусниот стопер пред бразилските новинари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More