Home » Сега и Агенцијата за млади и спорт ја презема организацијата на Охридскиот маратон

Сега и Агенцијата за млади и спорт ја презема организацијата на Охридскиот маратон

by Журнал.мк

Агенцијата за млади и спорт соопшти дека со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон. Откако претседателот Стево Пендаровски објави дека маратонот нема да се одржи бидејќи била блокирана сметката на Пливачката федерација на Македонија, почна политичката трка кој ќе застане зад традиционалната манифестација.

„Годинава е 60 годишниот јубилеј на Охридскиот маратон. Како традиција, која Охрид и државата ги става во центарот на светската спортска мапа, Агенцијата за млади и спорт, заедно со Владата и сите надлежни институции, нема да дозволат овој познат, реномиран и светски признаен пливачки маратон да прекине и ќе ја преземе организацијата за одржување на маратонот. И годинава, Охридскиот маратон во водите на Охридското езеро ќе ги пречека сите пријавени учесници и ќе продолжи да биде атракција како за вљубениците во спортот, така и за граѓаните на Охрид и за сите туристи кои наменски доаѓаат токму за да го проследат овој голем спортски настан“, стои во соопштението од Агенцијата.

Повеќе детали за одржувањето на Охридскиот маратон, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ќе соопшти утре во просториите на општината Охрид.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More