Home » Расте бројот на жени заболени од карцином на дојка во земјава

Расте бројот на жени заболени од карцином на дојка во земјава

by Журнал.мк

Во последниве години забележително расте бројот на жени заболени од карцином на дојка. Не се јасни причините, но се претпоставува дека тоа се должи на повеќе фактори, загадениот воздух, стресот, алкохол, пушење и генетиката.

Ракот на дојка не познава возраст и претставува голем ризик за сите жени. Најмладата пациентка со дијагностициран рак на дојка во земјава е 21 годишна девојка.

„Нас ни се случува пет до шест пациентки годишно се дијагностицираат со почетен стадиум на карционом на дојка. Одолговлекуваат или не доаѓаат на време на контрола, или не бараат помош почнувајќи од матичен доктор, па и друга инстанца во смисла дијагностика кај радиолог за ехо или мамографија, консултација со онколог или хирург“, вели д-р Илир Вела, хирург.

Лекарите велат во земјава ја има најсовремената терапија, која е многу скапа, едно лекување чини десетици илјади евра, но за пациентите со здравствено осигурување е бесплатна.

„На нашата клиника ја имаме најсоодветната таргетирана терапија, биолошка или имунотерапија, Верувајте тоа е најсовремена терапија во светот, само што во светот чини многу пари, и потребно е да имате специфично осигурување. Кај нас е потребно да си наш државјанин и да се има здравствено осигурување, сè е бесплатно“, вели д-р Илир Исмаили, онколог.

Според онколозите за успешно лекување клучно е навремено откривање на болеста, преку редовните прегледи, ултразвук, скрининг и мамографија, кои се препорачуваат на сите жени после 25-та година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More