Home » Повторно раст на заразените со Ковид-19 во светот

Повторно раст на заразените со Ковид-19 во светот

by Журнал.мк

Неделниот број на заразени со Ковид-19 во светот, порасна за првпат, од крајот на јануари, соопшти вчера Светската здравствена организација.

Во втората недела од март, бројот на новозаразени е за осум отсто поголем, отколку во претходната седмица.
Oд 7 до 13 март, евидентирани се над 11 милиони нови случаи на Ковид-19 и 43.000 смртни случаи од, или со, коронавирус.
Порастот во споредба со претходната недела, посебно се забележува во регионите на Западниот Пацифик – 29 отсто, како и на Африка – 12 проценти. Во Европа пак, забележан е седмичен пораст од два отсто.
Бројот на случаи е намален во источниот Медитеран, Југоисточна Азија, како и во Северна и во Јужна Америка.
Вкупниот број потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус, од почетокот на пандемијата, достигна до 455 милиони. Регистрирани се шест милиони смртни случаи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More