Home » Петровска на средба со новиот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон

Петровска на средба со новиот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон

by Журнал.мк

Одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство е на највисоко ниво. Двете земји продолжуваат активно и интензивно да ги развиваат националните капацитети кои се капацитети и на Алијансата, заклучија на денешната средба во Министерството, министерката Славјанка Петровска и новиот британски амбасадор во земјава, Метју Лосон.

Петровска се заблагодари за досегашната британска поддршка во однос на обуката на нашата НАТО единица, за донациите во опрема како и за долгорочната советодавна помош во развојот на одбранбените и армиските капацитети.

Амбасадорот Лосон порача дека Велика Британија останува посветена на соработката со Северна Македонија и развојот на армиските капацитети.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More