Home » Парите од ММФ нема да бидат доволни да се покрие буџетската дупка, еврообврзницата повторно во опција

Парите од ММФ нема да бидат доволни да се покрие буџетската дупка, еврообврзницата повторно во опција

by Журнал.мк

Заемот од ММФ нема да биде доволен за да го покрие државниот минус, во игра повторно се враќа задолжување и со еврообврзница. Ова во својата денешна колумна го пишува министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Кредитната линија за претпазливост и ликвидност на ММФ (PLL) е во насока да се обезбеди средства по најнизок можен трошок, што воедно е позитивен синал во финансиските пазари. Тоа е признание за нашата економија дека таа е стабилна и засована на здрави макроеконоски фундаменти, бидејќи Фондот ја доделува оваа линија само на здрави економии. Исто така се планира обезбедување на средства и преку наменските проектни кредити од Светска банка и ЕБОР. Сите овие инструменти и линии се многу поповолни извори за финансирање, поевтини од тековните услови на меѓународниот пазар на капитал, на кој веројатно ќе треба да пристапиме со Еврообврзница“, пишува Бесими.

Претходно, намерата на власта беше да не се оди на еврообврзница заради растечките камати на пазарите.

Според анализите задолжувањето на овој начин би било со камата од 4,5 до 5,5%, а преку ММФ таа би изнесувала само 1%. Од ММФ според извори на Сител земјава бараше 900 милиони евра за покривање на буџетските потреби, но колку ќе добие се уште е неизвесно. Не се знае ниту на која сума би била еврообврзницата.

Работите ќе бидат појасни за десетина дена кога треба да биде готов ребалансот на буџетот. Министерот Бесими вели јасно е дека тој мора да се реструктуира за да одговори на новата ситуација.

„Она што со сигурност како министер за финансии можам да го кажам е дека ќе бидеме максимално конзервативни, секаде каде што може – ќе се скрати. На тој начин ќе се направи повеќе простор за нови реакции и мерки, кои со огледот на ситуацијата, најверојатно ќе бидат повторно потребни“, пишува Бесими.

За да се сервисираат обврските на државата годинава потребни се дополнителни милијарда и сто милиони евра. Досега пак, македонскиот долг тежи 7 милијарди и 170 милиони евра.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More