Home » Пазарна заплени овошје на Кванташки, го подаруваат по училишта, психијатриската болница Бардовци, на гинекологија, на затвореници во „Идризово“

Пазарна заплени овошје на Кванташки, го подаруваат по училишта, психијатриската болница Бардовци, на гинекологија, на затвореници во „Идризово“

by Журнал.мк

Директорот на државен пазарен инспекторат Горан Трајковски посочи дека денеска се запленети големи количини на овошки и зеленчук. Тој објави фотографии како заплената од Кванташки пазар ја подарува по училишта, болници, клиники.

„По завршување на координираната акција на Кванташкиот пазар која денес Државниот пазарен инспекторат ја спроведе заедно со Управата за финансиска полиција, Министерство за внатрешни работи и Агенцијата за управување со одземениот имот, одржавме средба со г-дин Дритон Небиу, директор на Агенцијата и заеднички одлучивме запленетата роба од овошје и зеленчук да биде донирана во државните установи каде што е најнеопходна“, напиша директорот и додаде:

„Донации од запленетите овошје и зеленчук предадовме во ЈУДД „11 Oктомври“ – Скопје, Државно училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид ‘’Димитар Влахов ‘’ Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална терапија и медицинска рехабилитација – Скопје, Здружение за слепи лица – Куманово, Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ – Скопје, Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје и во КПУ Идризово“.

Тој изрази благодарност до премиерот на Владата  и министерот за економија за дадената поддршката и цврстиот став за решавање на проблемот со високите цени на производите.

„Се работи за доброто на граѓаните и секое заобиколување на законите ќе се санкционира, затоа што системот мора да функционира во целост со доследно почитување на законските прописи. Им благодарам и на пазарните инспектори и на колегите од надлежните институции кои несебично и најпрофесионално си ја завршија работата. Продолжуваме понатаму со активностите на терен“, завршува Трајковски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More