Home » Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)

Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)

by Журнал.мк

Тео Ернандес постигна погодок кој може да биде прераскажуван со децении од фановите на Милан, бидејќи истиот го доближи тимот на само еден бод од шампионско славје.

Милан имаше тежок испит на „Сан Сиро“ и успешно го положи пред последното коло, во кое сега на „росонерите“ ќе им биде доволно и реми против Сасуоло за да ја освојат титулата во Серија А.

Тимот на Пиоли славеше против Аталанта со 2:0, а иако мразот го скрши Леао, голот на викендот го постигна левиот бек кој ги реши сите дилеми околу победникот. Кога Аталанта се закануваше, Ернандес одговори со страшна соло-контра, па акцијата која сам ја започна, сам ја заврши со гол за 2:0.

Левиот бек претрча 70-тина метри и го матираше голманот на Аталанта, па по средбата откри дека тоа му била првичната намера кога ја прифатил топката на работ од својот шеснаесетник.

– Јас правам се за овој тим, играм на сите страни. После толку долго време, навивачите на Милан се среќни и тоа ме прави горд. Објаснување за голот? Кога ја примив топката, тргнав да трчам и си помислив дека ќе одам до самиот крај. Тоа беше неверојатен гол и се излезе како што требаше, но истиот немаше да се случи без напорната работа на соиграчите и неверојатната поддршка од публиката, – изјави Ернандес.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More