Home » Нов обид на ЕУ за договор за забраната на руската нафта

Нов обид на ЕУ за договор за забраната на руската нафта

by Журнал.мк

Претставниците на земјите од Европската унија кои вчера не постигнаа договор за предложеното ембарго за руска нафта, се очекува денеска повторно да се обидат да се приближат до договор. Европската комисија вчера предложи ембарго за руската нафта што ќе стапи на сила за шест месеци за извоз на сурова нафта и за осум месеци за дизел и други нафтени производи. Според предлогот, Унгарија и Словачка ќе добијат подолг период да се прилагодат на ембаргото до крајот на 2023 година.

Претставниците на ЕУ ја имаа својата прва дискусија за предлогот вчера, но состанокот заврши без формална поддршка за планот, бидејќи некои земји изразија загриженост за предложените мерки, рече изворот, кој одби да биде именуван поради чувствителноста на прашањето. Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија изразија загриженост за ембаргото за нафта, рече изворот, истакнувајќи дека сепак може да се постигне договор на новиот состанок на пратениците во четврток. Унгарија и Словачка јавно ја искажуваат својата загриженост за ембаргото за нафта, при што Словачка во средата изјави дека сака подолг период на транзиција за да се одвикне од руската нафта, од најмалку три години

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More