Home » Ново училиште во Долно Блаце, од септември децата нема да учат во Косово

Ново училиште во Долно Блаце, од септември децата нема да учат во Косово

by Журнал.мк

Од септември годинава, децата на училишна возраст од селото Долно Блаце во општина Чучер Сандево повеќе нема да посетуваат настава во друга држава, односно во погранично место во Косово каде им е најблиското училиште, туку ќе учат во објект во нивното родно место кој сега го градиме и активностите се речиси завршени, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири за време на денешната посета на населбата Барди во Долно Блаце.

Со оваа инвестиција ставаме крај на еден апсурд и на една неправда за нашите ученици на кои државата треба да им обезбеди услови за настава, а не да ги принудува да учат надвор од нејзините граници, истакна Шаќири кој беше во придружба на градоначалникот на општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ.

Новиот подрачен објект на ОУ „Михаил Грамено“ што се гради од страна на МОН со работа ќе започне од идната учебна 2022-2023 година и ќе значи решение на проблемите со кои се соочуваат децата од ова населено место, кои со години посетуваат настава во училиште кое се наоѓа од другата страна на границата со Косово, во местото Генерал Јанковиќ.

Како што соопшти МОН, изградбата на училишниот објект со буџет од 4,7 милиони денари, како соодветно решение за овој долгогодишен проблем, започна кон крајот на 2021 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More