Австрискиот канцелар Карл Нехамер оцени дека има нов квалитет на соработка меѓу неутралните и неврзаните земји како Австрија и НАТО, но и дека членството на Виена во западната воена алијанса не е опција и не треба да се разгледува.
„ Австрија е и останува неутрална, но и доверлив партнер во однос на безбедносната политика“ изјави Нехамер, кој присуствува на Самитот на НАТО во Мадрид.
Тој потсети дека Австрија веќе е активна во мировните мисии на ЕУ со околу 400 војници, како и со 300 во мисиите на НАТО и 200 во мисиите на ЕУ.
Според него, Австрија како неутрална земја може да се солидаризира и да делува како посредник.