Home » Маричиќ во Брисел: Провокациите нема да ја загрозат европската иднина

Маричиќ во Брисел: Провокациите нема да ја загрозат европската иднина

by Журнал.мк

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на средбата со бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук рече дека соработката и меѓусебната почит како модели за успех подеднакво се нужни и за земјите членки на ЕУ и за земјите кои се на пат да станат членки на ЕУ.

„Меѓусебното почитување и уважување изградено врз европски вредности е единствениот модел за успех за сегашните и идните генерации. Знаеме дека секогаш ќе постојат фактори и од двете страни на границата, а и надвор од тие рамки кои сакаат инциденти, национализам, конфликти и враќање во минатото“, рече Маричиќ на средбата, наведуваат од неговиот кабинет.

Вицепремиерот и европратеникот Ќучук потврдија дека покрај сите провокации и обиди за нарушување на добрите односи, двајцата, заедно со граѓаните, сакаат и силно се залагаат за соработка и добрососедство кои носат благосостојба за двете држави и двата народи и дека веруваат дека таа опција е и побројна, и посилна и дека со сигурност ќе надвладее во оваа ситуација.

Маричиќ во рамки на официјалната посета на Брисел во Европскиот парламент се сретна и со европратениците Ирена Јовева и Дејвид Мекалистер со кои разговараа за текот на скрининг процесот, реформскиот план и обврски и задачите кои ги имаме до крајот на оваа година.

На средбата со Мекалистер беше истакнато дека сега Северна Македонија мора фокусот да го стави на реформите и на политичкиот консензус бидејќи тие се гаранти за брз напредок на патот кон ЕУ. Исто така Мекалистер кажа дека Европа се соочува со безбедносни предизвици и затоа е важно регионот да остане стабилен и на европскиот пат.

– Членството во ЕУ е мора да остане наш надворешнополитички приоритет, како и дека ги спроведуваме неопходните реформи за да можеме да ја исполниме нашата цел и визија, 2030 да е година за членство во ЕУ, истакна Маричиќ.

Маричиќ разговараше и со европратеничката Ирена Јовева која му ја потврди позитивната енергија за Македонија и поддршката од европските пратеници и Европскиот парламент за преговорите со ЕУ.

Денеска во Брисел Маричиќ ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, со новиот генерален директор на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More