Home » Малинковски за новиот предизвик: Сериозно влегувам во Renault Clio Cup

Малинковски за новиот предизвик: Сериозно влегувам во Renault Clio Cup

by Журнал.мк

Тој ќе биде првиот Македонец што ќе вози во ESET Renault Clio Cup, како логично продолжување на она што претходните години го правеше во Twingo Cup. Како севкупен победник по трите сезони реши да оди чекор напред, да се испроба во посериозна конкуренција, со посилно возило и автомобил. По искуството стекнато во Twingo Cup Малинковски има шанса да го покаже возачкиот квалитет.

Малинковски ќе вози за тимот на АКК Рено спорт и на почетокот на април ќе го има дебито на патеката Ошерслебен во Германија. Во сезоната планирани се 6 тркачки викенди, со вкупно 12 трки.
Во ESET Clio Cup ќе вози петта генерација на Clio Cup 5 со турбо мотор и 220 КС и секвенционален менувач со 6 степени.

“ Во споредба со Twingo Cup Ова е многу посериозно натпреварување. Возилото е многу посилно, посериозно и побрзо. Се користат „фул“ слик гуми и има целосно подесувачка суспензија. Настапот во Clio Cup е важен не само за мене, туку и за Аутомотив Груп. Тоа значи дека направиле одлична отскочна даска за македонските возачи што имаат талент и желба да напредуваат во европскиот моторспорт. Самиот трансфер во Clio Cup покажува дека Twingo Cup е успешна тркачка приказна за било кое ниво на возач. Лично многу ми значи ова, затоа што сум успеал да стигнам до момент каде што ќе се тркам во Clio Cup. Го следам одамна ова натпреварување и постојано знаев дека е тоа можно, иако тогаш изгледаше многу далеку. Но, со заеднички вложен труд, од мене, моите спонзори и Automotiv Grup успеваме тоа да го направиме реалност. Многу сериозно влегувам во сезоната. Откако добив информација дека ќе се тркам во Clio Cup Почнаа подготовките. Се запознавав во возилото, а на симулатор ги возев патеките на кои не сум настапувал. Бидејќи ако сакаме резултати, не смееме да си дозволиме никакви грешки вели Давид Малинковски.

Clio Cup важи за отскочна даска на речиси сите досегашни професионални возачи кои својата кариера ја продолжуваат потоа во многу посериозни тркачки серии, па дури и во Формула 2 и Формула 1. Tоа е серија во која повторно до израз доаѓаат возачките способности, но се учат и сите други тајни околу подготовката на возилото.

Календарот на ESET Clio Cup се состои од 6 тркачки викенди и едно пред сезонско тестирање. Првиот тркачки викенд се вози на 8 и 9 април во Ошерслебен (Германија). Потоа серијата продолжува во Унгарија на патеката Хунгароринг (29/30 април), а на 20 и 21 мај ќе се вози на патеката Ред Бул Ринг во Австрија. Во текот на летото, во август се предвидени две трки, првата во Чешка на патеката Мост (5/6 август), а на 19 и 20 август на Словакиа Ринг. Сезоната ќе заврши на 9 и 10 септември на патеката Брно во Чешка.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More