Home » Македонија на 85-то место на светскиот индекс на корупцијата

Македонија на 85-то место на светскиот индекс на корупцијата

by Журнал.мк

На меѓународниот индекс за перцепцијата на корупцијата во светот на Транспаренси интернешнл Македонија е на 85-то место од 180 земји. Од регионот пред нас се Словениа (41), Грција (51), Хрватска (57), Црна Гора (65), Косово (84). А Македонија на тоа место е во друштво со Суринам, Индија, Малдиви, Гвајана и Тунис. После нас се Албанија и Србија (101).

На светот итно му треба акција, пишува во насловот на Транспаренси интернешнл за светскиот индекс на корупцијата. Индексот за перцепција на корупцијата за 2022 година покажува дека повеќето земји не успеваат да ја запрат корупцијата.

Индексот рангира 180 земји и територии низ целиот свет според перципцијата на граѓаните на корупција во јавниот сектор, а се оценува со оценки на скала од 0 (многу корумпирана) до 100 (многу чиста). На врвот на оваа ранг листа се Данска, Финска, Нов Зеланд, Норвешка, Сингапур, Шведска…

Според индексот од пред 10 години, дури 155 земји не постигнаа значителен напредок против корупцијата или забележаа пад.

„Глобалниот мир се влошува веќе 15 години. Корупцијата беше и е клучна причина на ова. Корупцијата ја поткопува способноста на владите да ги заштитат луѓето и ја нагризува довербата на јавноста, провоцирајќи сѐ потешко да се контролираат безбедносните закани. Од друга страна, конфликтот создава можности за корупција и ги поткопува напорите на владите да го запрат.

Владите мора да отворат простор за вклучување на јавноста во одлучувањето – од активисти и сопственици на бизниси до маргинализирани заедници и млади луѓе. Во демократските општества, луѓето можат да го кренат својот глас за да помогнат во искоренувањето на корупцијата и да бараат побезбеден свет за сите нас“, вели Даниел Ериксон, извршен директор на Транспаренси интернешнл.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More