Home » Истекува рокот за продолжување на кризната состојба

Истекува рокот за продолжување на кризната состојба

by Журнал.мк

Истекува и последниот ден од рокот кој собранискиот спикер Талат Џафери им го даде на пратениците за изгасување на продолжување на кризната состојба во државата за уште половина година почнувајќи од 1ви октомври.

Од власта се на став дека доколку пратениците дадат поддршка тоа на Владата ќе и овозможи голем број механизми кои би можело да се искористат во справување со недостатокот на електрична енергија како и во насока на обезбедување на топлинска енергија за Скопје за престојната грејна сезона.

Но расправата заглави во собраниската Комисија за одбрана и безбедност каде опозицијата со денови од комисиската говорница држи долги дискусии инсистирајќи прво на одговори од власта за состојбите со енергенсите во државата пред да даде поддршка со цел како што посочија да се спречат злоупотеби.

Доколку денеска биде заокружена расправата во матичната комисија предлогот ќе биде ставен на пленарна седница, а потоа пратениците ќе може да гласаат.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More