Најголем дел од проблемите ги пријавуваат корисниците на мобилната верзија на Instagram, а на сајтот DownDetector, кој го следи статусот на онлајн сервисите и сајтовите, корисниците пријавуваат проблеми со прикачувањето фотографии во делот Story, доцнење или отсуство на пораки.
Еден корисник пријавил и дека му се прикажал само црн екран, бидејќи апликацијата Instagram не ја вчитувала содржината. Околу 87 отсто од корисниците кои го пријавиле проблемот на DownDetector, доаѓаат од мобилната апликација на услугата.
Instagram, засега, се нема огласено, па не се знае која е причината за споменатите проблеми на популарниот сервис.