Home » Ги чувале децата во вински подрум во Австрија, соседите се посомневаа, реагираше полицијата

Ги чувале децата во вински подрум во Австрија, соседите се посомневаа, реагираше полицијата

by Журнал.мк

Шест британски деца се спасени во Австрија откако беа откриени дека живеат во напуштен вински подрум со своите родители.

Полицијата соопшти дека нивниот татко е Том Лендон (54), член на десничарското движење Рајхсбургер, познат по негирање на холокаустот.

Социјалните служби биле повикани на имот во Обрица, во близина на чешката граница, кога локалното население се загрижило за здравјето на децата. Но, кога се обиделе да влезат, таткото ги нападнал со бибер спреј, пренесува Sky News.

Потоа била повикана полиција, а таткото бил уапсен. Сепак, тој е ослободен откако плати кауција. Истрагата е во тек.

Децата кои се на возраст од седум месеци до пет години се пренесени во болница со нивната мајка, на прегледи.

Портпаролот на полицијата Стефан Лоидл изјави дека тие се „во добра здравствена состојба и не се занемарени“.

Децата моментално се згрижени од социјалните служби.

Локалните власти соопштија дека веруваат дека семејството живеело во нелегално скривалиште неколку месеци, но за нив имало поплаки во последните неколку недели.

„Надзорните камери пред подрумот беа особено вознемирувачки, а станарите понекогаш слушаа детски гласови во подрумот и штом ќе се приближат, сè ќе се смири“, изјави заменик-градоначалникот на Обриц, Ерик Грил.

Полицијата соопшти дека нема индикации за каква било сексуална злоупотреба на децата пронајдени во подрумот.

Лоидл додаде дека во подрумот биле пронајдени „пиштол, два самострели и неколку оружја со компримиран воздух“, објави пренесува Sky News.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More