Home » Автомобил на годината во Македонија за 2022 година

Автомобил на годината во Македонија за 2022 година

by Журнал.мк

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 27. пат го организира Изборот кој е најстарата манифестација и единствена од ваков вид во Македонија.

Во Изборот учествуваат новинари со долгогодишно искуство и стаж во следењето на автомобилските новитети и случувања.

Победникот ја добива наградата – стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов, што се доделува од самиот почеток на Националниот избор.

Согласно условите за учество во Избор на Автомобил на годината за 2022 во Македонија, Националното жири ги одбра следниве возила кои влегуваат во финалето (по азбучен редослед):

BMW iX

Dacia Sandero

Honda Jazz

Hyundai Tucson

Kia Sorento

Opel Mokka

Toyota Yaris Cross

Volkswagen ID.3

–         Секој од членовите на жирито има право на еден глас.

–         Право на еден рамноправен глас имаат и самите финалисти, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел

–         Годинава право на глас имаше и публиката.

Преку организирање на онлајн гласање и претставување на сите финалисти, моделот што ќе добие најмногу гласови добива еден (1) рамноправен глас со гласовите на членовите на Жирито и гласовите на финалистите.

Согласно критериумите за Избор, членовите на Националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија 2022, донесоа одлука титулата да му ја додели на моделот

  • HYUNDAI TUCSON

Образложение: Четвртата генерација на Tucson прави значаен технолошки исчекор во однос на својот претходник.

Новата платформа овозможува вградување на бензински и дизел мотори, но што е многу позначајно, таа може успешно да одговори на еколошките барања поради можноста за вградување на електрифицирани погонски единици. Уште еден од важните предуслови кои одат во прилог на победникот е извонредниот ценовен однос на квалитетот и опременоста спрема вложените средства.

При изборот на „Автомобил на годината во Македонија за 2022“ Националното Жири се раководеше од шесте критериуми:

– адекватност и понуда на домашниот пазар

– економичност и еколошка прифатливост

– безбедност и примена на технолошки достигнувања

– возни својства

– дизајн

– комфор и опременост

ВО ГЛАСАЊЕТО – Моделот Hyundai Tucson доби три (3) гласа а два (2) гласа беа доделени на Toyota Yaris Cross.

Според Правилникот за Избор, победник е моделот што ќе добие најмногу гласови.

Гласовите на Жирито – по два гласа беа доделени на моделите Hyundai Tucson и Toyota Yaris Cross.

Горан Антевски (www.24auto.mk) – HYUNDAI TUCSON

Агрон Сулејман (www.autoinfo.mk) – TOYOTA YARIS CROSS

Зоран Коцев (www.turbo1.mk) – HYUNDAI TUCSON

Владимир Ристовиќ (www.avtoklub.mk) – TOYOTA YARIS CROSS

Гласот на публиката – Годинава во онлајн гласањето спроведено преку платформата на www.coty.mk беа забележани вкупно 4.315 гласа поделени на осумте финалисти.

Моделот HYUNDAI TUCSON доби најмногу гласови – 941, со што доби ЕДЕН (1) ГЛАС.

Гласот од финалистите – годинава ниту еден од моделите финалисти не доби доволен број гласови, и затоа овој глас нема да се смета

ПРИЗНАНИЕ – EV на годината (електричен автомобил)

Националното Жири реши и годинава да го додели Признанието EV на годината, што ќе го добие модел кој ќе донесе најмногу новитети во однос на електрификацијата.

  • Признанието EV на годината го доби моделот VOLKSWAGEN ID.3

Образложение: Со ID.3, Volkswagen претендира да понуди народен автомобил со нулта емисија на штетни гасови кој ќе биде достапен за широките народни маси.

Во современи услови тоа значи дека тој треба да вози на струја, да е практичен, лесен за одржување, и по можност да има заден погон.

ПРИЗНАНИЕ  „Томислав Биљарац“

Националното Жири за Избор на „Автомобил на годината во Македонија“ по петти  пат го доделува и признанието „Томислав Биљарац“, во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на Националното жири за Избор за автомобил на годината во Македонија.

Наградата се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија.

Одлуката на Националното Жири е признанието „Томислав Биљарац“ за 2022 година да биде доделена на

* ЗОРАН МАРКОВСКИ

Досегашни носители на признанието „Томислав Биљарац“

2018 – Владимир Воиновски

2019 – Стерули Бураку

2020 – Славка Каленикова

2021 – Вилјем Хорват

Досегашни победници во изборот за „Автомобил на годината во Македонија“:

1996 Fiat Bravo/Brava

1997 Renault Megane

1998 Opel Astra 1998

1999 Skoda Octavia

2000 Fiat Punto

2001 Seat Leon

2002 Toyota Corolla

2003 Mazda 6

2004 Mazda 3

2005 Seat Altea

2006 Vоlkswagen Passat

2007 Opel Corsa

2008 Kia Cee`d

2009 Volksvagen Golf VI

2010 Opel Astra IV

2011 Hyundai iX35

2012 Кia Rio

2013 Seat Leon

2014 Skoda Octavia

2015 Ford Mondeo

2016 Skoda Superb

2017 Kia Sportage

2018 Dacia Duster

2019 Ford Focus

2020 Opel Corsa

2021 Citroen C4

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More