Home » 📽 ЛЕГЕНДАРНАТА ШЕР СИНОЌА ПЕЕШЕ НА ШОУТО НА „ВИКТОРИЈАС СИКРЕТ“ Сите зборуваат за лицето на пејачката – „изгледа како да ќе пукне““

📽 ЛЕГЕНДАРНАТА ШЕР СИНОЌА ПЕЕШЕ НА ШОУТО НА „ВИКТОРИЈАС СИКРЕТ“ Сите зборуваат за лицето на пејачката – „изгледа како да ќе пукне““

by Lina Muslija

Легендарната икона на светската музичка сцена Шер (78) се прошета на модната писта на синоќешната ревија на „Викторијас сикрет“, а нејзиниот изглед предизвика бура од реакции.

Поп-легендата излезе на сцената во вторникот, на 15 октомври за долгоочекуваното модно шоу, што го одбележа враќањето на годишниот спектакл на писта по неговото откажување во 2019 година, поради критиките за неговата недоволна инклузивност.

Шер на розовиот тепих се појави со 40 години помладиот дечко Едвард, а потоа и издоминира на сцената.

Таа во специјален костим ги изведе своите два големи хита „Strong Enough“ и „Believe“.

Меѓутоа, она што и овојпат привлече можеби најмногу внимание – е нејзиниот изглед, поточно лицето.

Како што се коментира, а можеше и да се забележи, таа повторно направила неколку операции на лицето, до тој степен што изгледа „на работ да пукне“.

Шер си го „средила“ лицето, а на многумина тоа не им се допадна: „Таа повторно правела нешто на себе, а изгледа како да ќе пукне“, „Ај, ја сакам Шер, но ова навистина не и одговара , таа се изобличила“, „Сега претера со овие јаболкчници на лицето“…

 

 

View this post on Instagram

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk