Home » 📷 ШТО Ѝ СЕ СЛУЧИЛО? Памела Андерсон ги зачуди сите на црвениот тепих

📷 ШТО Ѝ СЕ СЛУЧИЛО? Памела Андерсон ги зачуди сите на црвениот тепих

by Lina Muslija

Памела Андерсон се појави на премиерата на филмот „The Last Showgirl“ како дел од Филмскиот фестивал во Торонто и нејзиниот изглед го привлече вниманието на црвениот тепих.

Педесет и седум годишната поранешна ѕвезда на „Чувари на плажата“ се појави во црн костум, кој го комплетираше со чевли на високи потпетици и црни кожени ракавици и за таа пригода носеше минимална шминка.

Нејзиното појавување без шминка предизвика различни реакции. Додека некои го пофалија нејзиниот природен изглед, други пишуваа дека изгледа неуредно.

„Едноставна елеганција. Прекрасна“, напишал еден корисник на социјалната мрежа Икс.

„Што се случило со неа“, прашала друга личност, додека трет коментирал: „Изгледа разбушавено и запоставено“.

 

Да потсетиме, Памела веќе некое време се појавува во јавноста без шминка и стана заштитно лице на движењето природен изглед. Таа претходно изјави за магазинот „Ел“ дека престанала да се шминка откако нејзината долгогодишна шминкерка и пријателка Алексис Вогел почина од рак на дојка во 2019 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk