Принцезата Беатрис и нејзиниот сопруг Едоардо Мапели Моци го очекуваат своето второ заедничко дете.
Тие ја потврдија веста на официјалниот инстаграм-профил на кралското семејство.
„Кралот е информиран и двете семејства се воодушевени“, пишува во објавата, заедно со заедничката фотографија од парот.
Принцезата Беатрис роди ќерка пред три години во болницата Челзи и Вестминстер во Лондон. Девојчето се вика Сиена Елизабет Мапели Моци, а очигледно е дека средното име го добила по нејзината прабаба, кралицата Елизабета Втора.
Инаку, Беатрис и Едоардо се венчаа во јули 2020 година.
Моци зад себе има неколку сериозни врски, од кои едната беше крунисана со веридба, а со поранешната свршеница има син.