Холивудската ѕвезда Гвинет Палтроу, која минува низ менопауза, откри дека успешно се справувала со симптомите сè до пожарот во Лос Анџелес, а потоа спасот го побарала во алкохолот.
Зборувајќи со д-р Мери Клер Хејвер во една од епизодите на „The Goop Podcast“, 52-годишната актерка откри дека целата ситуација излегла од контрола откако пиела „секоја вечер“ за време на пожарите во Лос Анџелес во јануари.
– Забележав дека симптомите на менопауза ги поминувам прилично добро и под контрола, сè до јануари кога се случуваа пожарите во Лос Анџелес. Тогаш пиев секоја вечер – изјавила холивудската ѕвезда.
Палтроу објаснила дека менопаузата влијаела и на нејзиниот сон и дека има ноќи кога нејзината анксиозност преовладува.
– Само ќе се разбудев и ќе ме обземеше анксиозност, каква што никогаш не сум ја имала во животот. И лежев во кревет размислувајќи за секоја грешка што некогаш сум ја направила, за чувствата на секоја личност што некогаш сум ги повредила, за секој лош потег – искрено и емотивно признала актерката.
Таа рече дека длабоко тагува за загубата на толку многу наши блиски пријатели, кои изгубиле сè“.
Нејзиниот имот остана недопрен од пламените јазици кои беснееја со недели и откако стивна ужасот, таа го продаде својот дом во Калифорнија за 22 милиони долари.