Home » 🎥 ПРЕКИНАТА РЕВИЈАТА НА ВИКТОРИЈА БЕКАМ ВО ПАРИЗ Активистки за заштита на животните излегоа на пистата

🎥 ПРЕКИНАТА РЕВИЈАТА НА ВИКТОРИЈА БЕКАМ ВО ПАРИЗ Активистки за заштита на животните излегоа на пистата

by Lina Muslija

Активистки за права на животните од  организацијата ПЕТА ја прекинаа модната ревија на Викторија Бекам на Париската модна недела . Додека манекенките одеа по пистата, активистите се качија на неа, држејќи транспаренти на кои пишуваше “Viva Vegan Leather”.

Тие носеа маици со порака „Свртете ѝ грб на животинската кожа“ и „Животните не се крпа“. Обезбедувањето набрзо ги изведе надвор од салата во која се одржуваше ревијата. Но, додека Викторија Бекам ја поздравуваше публиката на крајот од модната ревија, друга активистка успеа да се пробие на пистата со истиот постер.

Викторија Бекам на ревијата пристигна со патерици поради претходна повреда во теретана, а во Париз ја покажа својата најнова колекција есен/зима. Поранешната пејачка од популарната група Спајс грлс дебитираше на модната недела во Париз во 2022 година. Ревијата се одржа во хотелот Salomon de Rothschild недалеку од Шанзелизе. Викторија од првиот ред ја бодреа нејзиниот сопруг Дејвид Бекам и децата Ромео, Бруклин и Харпер.

Модната недела во Париз трае до 5 март, а најпознатите светски модни брендови како Шанел, Диор, Хермес и Луј Витон ги претставуваат своите модни колекции.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More