Home » 🎥 ОТКАКО ЗЕДЕ ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАСТАП Ријана исмеана по настапот на венчавката на синот на милијардерот

🎥 ОТКАКО ЗЕДЕ ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАСТАП Ријана исмеана по настапот на венчавката на синот на милијардерот

by Lina Muslija

Откако беше објавено дека славната пејачка Ријана присуствувала на луксузната свадба на синот на индискиот милијардер, се појавиле и видеа од нејзиниот настап за којшто пејачката била исмеана затоа што делувала незаинтересирано.

Нејзиниот настап вклучувал 19 песни, а наводно била платена околу 60.000 евра од минута.

Нејзиниот настап во петокот навечер го започнал тридневното славење за кое се проценува дека чинело неверојатни 140 милиони евра.

Во текот на настапот Ријана му се заблагодарила на семејството Амбани и им честитала на младенците, а потоа и поради честитките наишла на осуда и исмејување затоа што не ги изговорила нивните имиња правилно.

„Ријана е платена милиони и сѐ уште не е во состојба правилно да ги изговори нивните имиња“, ја прозвале во една од објавите.

 

Исто така фановите ја прозвале затоа што со години чекаат на нејзин албум, наведувајќи дека за нова музика нема време, но дека има време да пее за индиски милијардер.

Таткото на младоженецот е индискиот милијардер Мукеш Амбани, а „Форбс“ неговото богатство го проценил на над 110 милијарди долари. Тој е најбогатата личност во Азија и 11 најбогат човек на светот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More