Српската пејачка Наташа Беквалац неодамна одржа концерт во едно кафуле, каде што им ги отпеа некои од своите најголеми хитови на своите верни обожаватели. Вниманието на јавноста го привлече и група девојки кои се собрале поради посебна причина – моминска вечер.
Беквалац во еден момент го прекинала својот настап, за да ѝ посака на идната невеста сè најдобро во брачниот живот.
Тогаш настапил молк…
„Јас сакав да имам семејство, деца, маж, златен ретривер, сè што оди со тоа, се обидов трипати и три пати не успеав, а знаеш што ти посакувам тебе? Сакам никогаш да не ти се случи тоа што мене ми се случи. Сакам твојата љубов да трае вечно и ти посакувам сè за што сонуваш. Ти благодарам што дојде на мојот концерт, иако ме сметаат за некој што тоа не му успеало, ти си многу храбра девојка“, ѝ рекла таа.
Фотографии и видеа се проширија низ социјалните мрежи, а како изгледаше овој емотивен момент можете да видите подолу.
Инаку, Наташа Беквалац се мажеше трипати, а од два брака доби две ќерки. Таа не крие дека тие се нејзиното најголемо богатство.
„Јас сум само во родителството. Таа улога ми е најважна, исто како и на секоја нормална жена. Тоа е енергија што доста те обзема. Целосно сум посветена и на работата што ја работам веќе 20 години на највисоко ниво. Тоа се две работи што ме исполнуваат и ме окупираат. Мажот мора да биде магичен за да можам да го вклопам во мојот распоред“, неодамна изјавила таа за „Блиц“ и додала:
„Сè што е големо е тешко. Јас ја сметам својата улога за голема. Секоја мајка знае колку е тешко да се биде самохран родител во овие луди времиња. Уште потешко е да се има тинејџерка и мало девојче во куќата. Јас ги родив, јас ги одгледувам и секако се гледам себеси во нив во секој момент, но ги гледам и нивните татковци.“