Home » 🎥 „МЕ ИСПРАТИ ВО ПОДРУМОТ ПО ПРЕМИЕРАТА СО ЦЕЛОТО МОЕ СЕМЕЈСТВО“ Протече шокантна говорна порака на Џастин Балдони за Блејк Лајвли

🎥 „МЕ ИСПРАТИ ВО ПОДРУМОТ ПО ПРЕМИЕРАТА СО ЦЕЛОТО МОЕ СЕМЕЈСТВО“ Протече шокантна говорна порака на Џастин Балдони за Блејк Лајвли

by Lina Muslija

Расправијата меѓу ѕвездите од „Тука завршува со нас“ (It Ends With Us) Џастин Балдони и Блејк Лајвли продолжува. Според наводната говорна пошта што беше објавена во медиумите, Балдони ја обвини Блејк дека насилно го пратила во подрумот во текот на премиерата на споменатиот филм, во кој глумат заедно.

Во пораката, која, меѓу другото, беше пуштена во текот на шоуто на Мегин Кели, Балдони и се обраќа на екипата која работеше на филмот.

– Буквално ме испрати во подрумот со сите мои пријатели и семејството. Бевме таму повеќе од еден час затоа што не им беше дозволено да ме видат. Таа не сакаше да бидам блиску до неа, ниту со остатокот од актерската екипа – рекол Балдони.

„Почнавме да се смееме поради лудата ситуација, а потоа сфатив дека во ноќта која требаше да биде толку забавна, бев во подрум со луѓето кои најмногу ме сакаат. Сите бевме среќни и се смеевме бидејќи на ниту еден не му беше битна таа глупост, ништо од тоа“, заклучил Балдони, кој доби отказ по обвинувањата на актерката.

Имено, откако Блејк Лајвли поднесе тужба против Балдони, агенцијата „Вилијам Морис Ендевор“ ја раскина соработката со актерот, пренесува „Дедлајн“.

Оваа вест доаѓа откако адвокатот на Балдони, Брајан Фридман, објави дека планираат да ја тужат Блејк Лајвли, откако веќе поднесоа тужба за клевета против „Њујорк тајмс“. Тој истакна дека во тужбата против ѕвездата на серијата „Озборувачка“ се подготвени да презентираат еден куп СМС пораки за кои веруваат дека ќе помогнат да се докаже невиноста на Балдони.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk