Американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговарале за наводното акумулирање на руската армија на границите со Украина и ја потврдиле својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, соопшти Белата куќа.
Бајден и Макрон, наводно, разговарале за координирање на дипломатските напори и планови за воведување брзи и остри економски санкции кон Русија доколку таа ја нападне Украина, пишува Ројтерс.
„Претседателот Бајден и претседателот Макрон се согласија дека нивните тимови ќе останат во близок контакт, вклучително и консултации со сојузниците во НАТО и партнерите од ЕУ, за нашиот координиран и сеопфатен пристап за решавање на овие прашања“, се вели во соопштението објавено во Белата куќа.