Home » Џорџина Родригез повторно на столбот на срамот: „Можеш да избегаш од селото, но не и тоа од тебе“ (фото)

Џорџина Родригез повторно на столбот на срамот: „Можеш да избегаш од селото, но не и тоа од тебе“ (фото)

by Журнал.мк

Начинот на кој се облекува Џорџина Родригез, малку по малку се наоѓа на мета на критики. Во документарецот на Нетфликс за нејзиниот живот, таа призна дека нема стилист, бидејќи никој не ја познава доволно добро, па не знаат каква облека и одговара или што сака.

https://www.instagram.com/p/CzEfIhGIP72/?utm_source=ig_embed&ig_rid=96af55bb-8f5c-4710-90ca-1eaf5bcfdad4

Свршеницата на португалскиот фудбалер решително го брани својот моден вкус, а критики предизвика и со новото модно издание.

Џорџина Родригез на Инстаграм го откри новиот стајлинг со коментар „среќна девојка“, сè на неа е брендирано, како оваа јакна на Гучи. Внимание на многумина им привлекоа и сандали со огромна платформа.

Џорџина, која на Инстаграм ја следат 50 милиони луѓе, исто така е критикувана дека на арогантен начин го промовира својот животен стил.

Провокативно е, според мислењето на многумина, но не го менува модниот правец, ниту имиџот.
Нејзиниот нов аутфит беше коментиран на Инстаграм: „Те молам најди стилист“, „Можеш да го напуштиш селото, но селото никогаш не те остава“, „Ова изгледа очајно“, „Навистина немаш смисла за мода“, „Ова е чудно “, „Таа е убава жена, но не може да најде свој стил“, пишуваат следбениците со висока доза на критика.

 

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More