Home » Џонсон: Британија размислува да испрати воени бродови во Југоисточна Европа

Џонсон: Британија размислува да испрати воени бродови во Југоисточна Европа

by Журнал.мк

Британската влада ја разгледува опцијата да испрати воени бродови во Југоисточна Европа, со цел да ги заштити своите сојузници, изјави британскиот премиер Борис Џонсон во текст за „Тајмс“.

Според него, Британија се подготвува да го зајакне мултинационалниот баталјон на НАТО стациониран во Естонија. Џонсон напиша дека Британија исто така ќе го зголеми својот придонес во Здружените експедициски сили – здружение предводено од Лондон, кое вклучува сили од 10 земји од Скандинавија и северна Европа.

Во текстот се наведува и дека Лондон сака да испрати „тајфун“ борбени авиони на Кралското воздухопловство и бродови на Кралската морнарица, со цел да ја заштити Југоисточна Европа.

Џонсон, сепак, изрази уверување дека кризата во Украина може да се реши со дипломатски средства.

Британскиот премиер рече и дека санкциите и другите мерки ќе бидат подготвени во случај на руски напад врз Украина, а неговата влада ќе побара од парламентот санкции за руски поединци и компании.

„Британските санкции и другите мерки ќе бидат подготвени во случај на каков било руски напад“, напиша тој.

„Владата ќе бара нови овластувања од парламентот за санкционирање на поширок опсег на руски поединци и ентитети, вклучително и секоја компанија поврзана со руската држава или која работи во сектор од стратешко значење за Кремљ“, рече Џонсон во написот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More