Home » Џони Деп се враќа на големото платно

Џони Деп се враќа на големото платно

by Журнал.мк

Тој ќе глуми во историски филм на француската режисерка Мајвен, во кој ќе го игра кралот Луј XV, чие владеење е едно од најдолгото во светската историја (58 години). Се наведува дека ќе се снима ова лето на периферијата на Париз, најмногу во Версајскиот дворец, поранешната резиденција на француските монарси. Мајвен ќе игра и една од улогите во филмот, нејзината хероина е грофицата Жана Дубари, последната љубовница на Луј XV.

Деп во последно време имаше проблеми во кариерата. Откако го загуби случајот против таблоидот „Сан“ во 2020 година, кој го обвини дека ја претепа Амбер Херд, Џони Деп беше принуден да ја одбие улогата на Гелерт Гринделвалд во филмската франшиза „Фантастични животни во универзумот на Хари Потер“. Актерот не беше поканет на други проекти. Според Деп, тој бил бојкотиран во Холивуд.

Најновиот игран филм на актерот е ,,Големиот” од 2020 година, во кој се разоткрива еколошки криминал во Јапонија.

Амбер Херд поднесе барање за развод од Џони Деп во 2016 година, по што го обвини за семејно насилство. Деп ги негира сите обвиненија, а двојката се уште е на суд.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk