Неколку лица загинаа во канадскиот град Ванкувер откако џип влета во толпа на уличен фестивал, објави градската полиција.
„Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени откако возач влегол во толпа на уличен фестивал кратко по 20 часот (03:00 часот по Гринич). Возачот е во притвор. Ќе дадеме повеќе информации како што ќе се одвива истрагата“, напиша полицијата во Ванкувер на социјалната мрежа X.
„Њујорк пост“ објави, повикувајќи се на видео од очевидец, дека возилото за кое станува збор е црн теренец. Автомобилот има смачкана предна хауба и има активирани воздушни перничиња на прозорецот од страната на возачот.