Џенифер Анистон на Инстаграм-стори ѝ го честиташе роденденот на нејзината долгогодишна пријателка, водителката Елен Деџенерис.
По повод 64-от роденден на Елен, Анистон сподели фотографија на која таа и водителката се бакнуваат во уста, направена во 2019-та година.

„Голем бакнеж за роденденската девојка“, напиша Џенифер покрај фотографијата.
Елен и Џенифер се блиски пријателки со години. Ѕвездата на „Пријатели“ се појави и во ток-шоуто како прв гостин откако започна да се емитува последната сезона на шоуто. Интересно е тоа што Џенифер беше и првата гостинка кога шоуто почна да се емитува во 2003-та година.
Елен Деџенерис во мај минатата година објави дека нејзиното шоу ќе заврши во 2022-ра година, а 19-та сезона ќе ѝ биде и последна.
За потсетување, водителката беше критикувана по бројните обвинувања за нејзиниот карактер од страна на вработените, а беше обвинета и за злоупотреба и нездрава работна атмосфера.

Гледаноста на нејзиното шоу падна за еден милион гледачи за само една година. Како причина за откажувањето на шоуто, Елен рече дека тоа „веќе не е предизвик за неа“.
Првата епизода од последната сезона на „The Ellen Show“ се емитуваше на 14-ти септември минатата година и оттогаш во шоуто учествуваа неколку познати личности, меѓу кои Ким Кардашијан, Меган Маркл и Крис Мартин.