Неколку извори пренесуваат дека се активирала обврската со која Вест Хем ќе треба на Ница да и плати 42,5 милиони евра за ангажман на Жан Клер Тодибо, 20% од оваа сума ќе заврши на сметката на Барселона.
„Каталонците“ имаат проблеми со Финансискиот фер плеј, па секој милионски приход е значаен за клубот од Камп Ноу во намерата да донесат засилувања, но и да ги регистрираат посточеките играчи како Дани Олмо.
Последните информации велат дека на сметката на Барселона летоска ќе легнат околу 8,5 милиони евра поради тоа што Вест Хем обезбедил опстанок.
Имено, минатото лето, „чеканите“ на позајмица го донесоа Жан Клер Тодибо од Ница, со обврска дефанзиецот во целост да биде купен доколку биде обезбеден опстанок во елитата.
Овој услов дефинитивно се исполни изминатиов викенд, па Вест Хем сега ќе треба да одвои 42,5 милиони евра и во целост да го купи Французинот.
На Барселона и следуваат 20% од оваа сума, па тоа значи дека „каталонците“ ќе добијат околу 8,5 милиони евра.