Home » Џафери за препораката во врска со Хашките случаи: Тоа е завршена работа, законите се донесени

Џафери за препораката во врска со Хашките случаи: Тоа е завршена работа, законите се донесени

by Журнал

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска изјави дека „законите се донесени и приказната е затворена“, одговарајќи на новинарско прашање во однос на препораката на Советот на Европа за отповикување на Законот за амнестија од 2011 и процесирање на четири Хашки случаи.

-Веќе дадов одговор за тоа дека е завршена работа во контекст на она што е законодавство и состојбата во државата. Завршена е таа приказна, законите се донесени, изјави кратко Џафери одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Студентскиот дом во Тетово, придружуван од министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Партијата Демократски сојуз до Уставниот суд во петокот поднесе иницијативата за отстранување на правните пречки со што ќе може да продолжи постапката по четирите Хашки случаи – „Водство на ОНА“, „Липковско Езеро“, „Гробницата Непроштено“, и „Мавровски работници“.

Со иницијатива на лидерот на ДС, Павле Трајанов, се бара поништување на Автентичното толкување на член 1 од Законот за амнестија, со кое се запре постапката за четирите Хашки случаи.

Според Трајанов, ова толкување е спротивно на Уставот, Кривичниот законик и на Женевските конвенции, со кои е дефинирано дека злосторствата против цивилите не застаруваат.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk